СТАРТНИ СОСТАВИ: Роналдо од прва минута, Гана со пет дефанзивци!

Фудбалските репрезентации на Португалија и Гана ќе го комплетираат првото коло во Групата Х на Мундијалот во Катар, а селекторите ги одредија стартните состави.

Очекувано, во првиот тим на Португалците се најде најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо. Напаѓачот ја доби довербата да стартува од првата минута. Се посакува повторување на 2014 година кога Португалија ја победи оваа селекција со 2-1, стрелец на победничкиот гол беше токму Роналдо.

Португалија: 
Коста; Кансело, Диаз, Переира, Гереиро; Невес, Фернандеш, Бернардо Силва; Жоао Феликс, Роналдо, Отавио

Гана:
Ати-Зиги; Сеиду, Џику, Амарти, Салису, Баба; Ају, Абдул Самед, Парти, Кудуз; Вилијамс

Натпреварот меѓу Португалија и Гана стартува од 17:00 часот.

Состави

Фернандо Сантос

4-1-4-1

    Ото Адо

    5-4-1