СТАРТНИ СОСТАВИ: Ренова во познат лик, Хајдук без Атанасов

Бујар Ислами и Хари Вукас, стратезите на Ренова и Хајдук Сплит, ги одредија стартните состави за натпреварот од квалификациите за Лигата на Европа.

„Гипсарите“ ќе играат во препознатлив лик, во формација 4-2-3-1. Најисутрен во нападот ќе биде Рамадани.

РЕНОВА (4-2-3-1): Велии; Фетаи, Мишковски, Џелил, Шала; Садики, Гавазај; Велија, Гафури, Шефити; Рамадани

Хајдук исто така нема многу промени, а во стартниот состав со тројца офанзивци ќе го нема Јани Атанасов.

ХАЈДУК (4-2-3-1): Посавец; Тодоровиќ, Вушковиќ, Мујакиќ, Чолина; Нејашмиќ, Јуриќ; Јаиро, Чакташ, Ѓурчо; Дијамантакос

Натпреварот се игра од 15:30 часот, на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ.