СТАРТНИ СОСТАВИ: Реал со тимот од Париз, Ајнтрахт без Филип Костиќ

Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт вечерва во Хелсинки ќе се борат за Суперкупот на УЕФА, натпреварување со кое традиционално се отвора новата сезона на евро-куповите. Карло Анчелоти го потврди тимот кој во Париз ја донесе европската круна, а Оливер Гласнер не може да смета на Костиќ (пред трансфер во Јувентус) и на Геце, кого го остави на клупата за резерви.

Реал Мадрид:
Куртоа, Карвахал, Милитао, Алаба, Менди, Крос, Касемиро, Модриќ, Валверде, Винициус Жуниор, Бензема

Ајнтрахт Франкфурт: 
Трап, Ндика, Соу, Камада, Роде, Туре, Боре, Ленц, Линдстром, Тута, Кнауф

Натпреварот ќе го води Англичанецот Мајкл Оливер. 

Состави

Карло Анчелоти

4-3-3

    Оливер Гласнер

    3-4-2-1