СТАРТНИ СОСТАВИ: Реал пак офанзивен, Ливерпул, Сити и Дортмунд најсилни

Јирген Клоп и Зинедин Зидан, тренерите на Ливерпул и Реал Мадрид, ги одредија стартните состави за реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите во кој „кралевите“ влегуваат со предност од два гола (3-1).

Шпанскиот тим нема да има нешто подефанзивна тактика и покрај проблемите со одбраната поради отсуствата на стоперите Варан и Рамос поради ковид-19, Марсело е на клупата, а во продолжение погледнете го изборот на двајцата стратези.

Ливерпул (4-3-3): Алисон; Александер-Арнолд, Кабак, Филипс, Робертсон; Милнер, Фабињо, Вајналдум; Салах, Фирмино, Мане

Реал Мадрид (4-3-3): Куртоа, Валверде, Милитао, Начо, Менди; Крос, Касемиро, Модриќ; Асенсио, Бензема, Винициус

Одредени се и составите на натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Манчестер Сити. Од првата средба „граѓаните“ бранат предност од еден гол (2-1) која ја стекнаа со погодок во 90. минута на Фоден.

Дортмунд (4-2-3-1): Хитц; Мори, Аканџи, Хумелс, Џан; Белингам, Дахуд; Ројс, Кнауф, Гереиро; Халанд

Манчестер Сити (4-3-3): Едерсон; Вокер, Диас, Стоунс, Зинченко, Родри, Гундоган, Де Брујне; Бернардо, Марез, Фоден

Двата меча во Лигата на шампионите стартуваат од 21:00 часот. Во полуфиналето се веќе ПСЖ и Челзи.