СТАРТНИ СОСТАВИ: ПСЖ без Мбапе ќе брка пресврт во Манчестер!

ПСЖ Сити

Манчестер Сити го пречекува ПСЖ во полуфиналниот реванш од Лигата на шампионите, по кој ќе биде познат првиот финалист.

На нешто повеќе од еден час до почетокот, Гвардиола и Почетино ги „отворија картите“. Домашниот тренер ќе тргне со Фернандињо на местото на Родри, а гостите ќе настапат без Мбапе.

  • МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон; Вокер, Стоунс, Диас, Зинченко; Бернардо Силва, Фернандињо, Гундоган; Марез, Де Брујне, Фоден
  • ПСЖ: Навас; Маркињос, Флоренци, Кимпембе, Диало; Паредес, Херера; Ди Марија, Верати, Нејмар; Икарди

„Граѓаните“ обезбедија предност од 2-1 на првата средба, со головите на Кевин Де Брујне и Ријад Марез.