• Иван Димовски
Дојде време за најочекуваниот натпревар ова лето во светот на фудбалот, а тоа е финалето на Европското првенство. Полетната и разиграна Шпанија ќе се судри со актуениот вицепрвак Англија која играше повеќе за резултат, отколку за убавина и естетика.
На околу еден час пред финалето, селекторите Луис де ла Фуенте и Герет Саутгејт ги објавија стартните состави за мечот. Кај Шпанците практично и немаше дилеми околу тоа кој ќе игра од првата минута. Во тимот се враќаат Карвахал и Ле Норман кои беа суспендирани во полуфиналето, а кај Англичаните единствената дилема беше дали да игра Шо или Трипие.
- Стартни состави за финалето на ЕП:
Шпанија (4-2-3-1): Симон; Карвахал, Ле Норман, Лапорт, Кукуреља; Руиз, Родри; Јамал, Олмо, Вилијамс; Мората;
Англија (3-4-2-1): Пикфорд; Вокер, Стоунс, Гуеи; Сака, Маино, Рајс, Шо; Белингем, Фоден; Кејн;
Натпреварот меѓу Шпанија и Англија на „Олимпискиот стадион“ во Берлин ќе го даде новиот европски првак. „Фуријата“ сонува да стане најтрофејна со четвртата титула, додека Англија ја брка својата прва.