СТАРТНИ СОСТАВИ: Пет новајлии кај Струга, Слован со тројца кои играа осминафинале на ЕП

Фудбалерите на Струга Трим Љум гостуваат кај Слован Братислава во рамките на првото претколо во Лигата на шампионите. 

Ова ќе биде официјално деби за новиот тренер Ќатип Османи, кој во стартниот тим именува петмина новајлии. Од првата минута од новите играчи шанса добија голманот Дујмовиќ, искусниот стопер Ристевски, играчот за врска Јевтовски, крилото Воша и напаѓачот Малески. На клупата од засилувањата останаа голманот Стевковски, Такахара и искусниот Спировски. 

Интересно, во таборот на Слован Братислава има тројца фудбалери кои играа во осминафиналето на Европското првенство. Од Словачка тоа се Јурај Куцка и Давид Стрелец, а од Грузија тука е стоперот Кашиа.

  • Стартни состави за натпреварот:

Слован Братислава (4-1-2-3): Трновски; Паушчек, Кашиа, Бајриќ, Вимер; Савидис; Куцка, Толиќ; Вајс, Стрелец, Мак; 

Струга Трим Љум (3-4-1-2): Дујмовиќ; Кривањева, Ристевски, Радиќ; Воша, Укпа, Јевтовски, Влајковиќ; Шабани; Ибраими, Малески;

Натпреварот во Братислава се игра во терминот од 19:00 часот.