СТАРТНИ СОСТАВИ: Пеп со четворица младинци, Зиркзе на клупата на Јунајтед! 

Градските ривали од Манчестер ќе се борат за првиот овосезонски трофеј во Англија. Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе се судрат на „Вембли“ во битка за трофејот во Суперкупот на Англија – Комјунити Шилд.

Во реприза од ланското финале во ФА Купот, „граѓаните“ одново се големи фаворити, но така беше и пред неколку месеци кога „ѓаволите“ изненадија и славеа со 2-1. На еден час од стартот од дуелот познати се стартните состави. Ерик Тен Хаг се реши за нешто поискусен состав, но без летното засилување Зиркзе, додека Пеп Гвардиола шанса ќе им даде на четворица младинци. Де Брујне и Силва не се во стартниот тим, а не е стартер ниту Родри.

Манчестер Јунајтед: 
Онана, Далот, Мегваер, Мартинез, Еванс, Каземиро, Маино, Бруно Фернандез, Маунт, Амад, Рашфорд

Манчестер Сити: 
Едерсон, Аканџи, Диаз, Гвардиол, Луис, Мекати, Орајли, Ковачиќ, Боб, Доку, Халанд

Натпреварот во Лондон започнува од 16:00 часот.

Најнови вести од
Комјунити Шилд, Англија