• Иван Димовски
Стандардно пред стартот на новата сезона се игра мечот за трофејот во Комјунити шилд или англиската верзија на Суперкупот. Двата главни претенденти за тронот во Премиер лигата и екипи кои минатата сезона се бореа за трофејот, Манчестер Сити и Арсенал ќе вкрстат копја на „Вембли“.
На околу час пред натпреварот, Пеп Гвардиола и Микел Артета ги отворија картите за стартните состави. Тренерите ги користат засилувањата, па така Матео Ковачиќ е стартер за Сити, а Хаверц, Тимбер и Рајс за Арсенал.
- Стартни состави за натпреварот:
Манчестер Сити (4-2-3-1): Ортега; Аканжи, Диaс, Стоунс, Вокер; Ковачиќ, Родри; Грилиш, Алварез, Силва; Халанд.
Арсенал (4-2-3-1): Ремсдејл; Вајт, Салиба, Габриел, Тимбер; Рајс, Парти; Сака, Одегард, Мартинели; Хаверц.
Судија на финалето ќе биде искусниот Стјуарт Атвел.