СТАРТНИ СОСТАВИ: Пелистри е изненадувањето на Уругвај, Сон стартува за Јужна Кореја!

Еден час по завршувањето на првиот натпревар од денешната програма меѓу Швајцарија и Камерун, во „Едукејшн Стадиум“ во Доха селекциите на Уругвај и Јужна Кореја ќе го одиграат воведниот дуел од групата Х од Светското првенство.

Селекторите на двата тима ги открија адутите за оваа пресметка. Во првиот состав на Уругвај изненадувачки се најде младиот ас на Манчестер Јунајтед, Пелистри, додека на клупата остана искусниот Кавани. За Јужна Кореја пак од првата минута ќе стартува најголемата ѕвезда на селекцијата, Сон.

  • Стартни состави:

Уругвај:
Рочет, Касерес, Хименез, Годин, Оливера, Весино, Бентакур, Валверде, Нуњеџ, Пелестри, Суарез

Кореја: 
Ј. Ким, М. Ким, Х. Ким, С. Ким, Јунг, На, Ли, Сон, Хванг

Натпреварот меѓу Јужна Кореја и Уругвај започнува од 14:00 часот, а за главен судија е делегиран Турпан од Франција.

Состави

Диего Алонсо

4-3-3

    Пауло Хорхе Гомез Бенто

    4-2-3-1