• Мартин Танасковски

Марјан Секуловски и Гоце Седлоски, тренерите на Пелистер и Вардар, ги одредија стартните состави за „вечното дерби“ кое ќе се игра во Битола во рамки на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Лидерот на табелата гостува кај големиот ривал во вечерен термин под рефлектори, а се очекува и двете екипи да имаат поддршка според најавите. Во тимот на Вардар се враќа Михаил Маневски по операцијата која ја имаше.
ПЕЛИСТЕР (4-2-3-1): Јовчевски; Бошковски, Грозданоски, Здравковиќ, Миленковски; Спировски, Крстевски; Србијанац, Ристовски, Булатовиќ; Ивановски
ВАРДАР (4-2-3-1): Талески; Јанкулов, Велковски, Матиќ, Маневски; Николов, Босанчиќ; Кастанеда, Данев, Торес; Омерагиќ
Натпреварот меѓу Пелистер и Вардар се игра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола со почеток од 20:00 часот.





