ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: „Пандевци“ со познато трио по триумф над Зрињски

Југослав Тренчовски, стратегот на Академија Пандев, го одреди стартниот состав за натпреварот против Зрињски Мостар кој се игра во рамки на 1. квалификациско коло од Лигата на Европа.

„Пандевци“ ќе играат отворено и офанзивно и на домашен терен ќе одат на прва историска победа, во првиот настап во европските купови. Тренчовски се одлучи за тројца напаѓачи, во стандардните Љупчо Дориев, Сашко Пандев и Даниел Миловановиќ.

Во средниот ред ќе бидат Стојковски, Томовски и Стоилов, одбранбениот „ѕид“ го формираат Илиев, Димов, Костов и Атанаскоски, додека меѓу стативите е Чубраковиќ.

Академија Пандев:
Чубраковиќ, Атанаскоски, Костов, Димов, Илиев, Стоилов, Томовски, Стојковски, Дориев, Пандев, Миловановиќ

Зрињски:
Бркиќ, Кадушиќ, Јаковлевиќ, Барбариќ, Ругашевиќ, Рустемовиќ, Шовшиќ, Цурјуриќ, Мандиќ, Говедарица, Хаџиќ

Натпреварот меѓу Академија Пандев и Зрињски Мостар стартува од 19:00 часот на Арената „Тодор Проевски“ во Скопје.