СТАРТНИ СОСТАВИ: Нова формација со Пандев, Стојановски е во нападот!

Селекторот Игор Ангеловски го објави стартниот состав на Македонија за мечот против Израел, последен во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2020 година.

Ќе се игра во различна формација, тоа ќе биде 4-2-3-1, а најистурен во нападот ќе биде Влатко Стојановски, кој влезе од клупата и брзо погоди во дуелот со Австрија во Виена.

МАКЕДОНИЈА (4-2-3-1): Димитриевски; Ристовски, Муслиу, Велковски, Ристевски; Костадинов, Николов; Барди, Пандев, Елмас; Стојановски

Натпреварот меѓу Македонија и Израел стартува од 20:45 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. И натаму постојат шанси за третото место за Македонија во групата, но само со победа над Израел и пораз на Словенија од Полска.

Состави

Благоја Милевски

    Willibald Ruttensteiner