• Иван Димовски
Дербито во првото коло на Светското првенство се игра во групата Л меѓу репрезентациите на Англија и Хрватска.
На час и половина пред натпреварот селекторите Томас Тухел и Златко Далиќ ги „отворија картите“. Во изборот на стартните тимови на двете селекции имаше неколку изненадувања на двете страни за дуелот на кој Англичаните важат за голем фаворит.
- Стартни состави за натпреварот:
Англија (4-2-3-1): Пикфорд; Џејмс, Стоунс, Конса, Орајли; Андерсон, Рајс; Мадуеке, Белингем, Гордон; Кејн.
Хрватска (3-4-2-1): Ливаковиќ; Гвардиол, Вушковиќ, Шутало; Перишиќ, Сучиќ, Модриќ, Станишиќ; Батурина, Пашалиќ; Муса.
Натпреварот меѓу Англичаните и Хрватите ќе се одигра на стадионот „АТ&Т“ во градот Арлингтон во Тексас.




