СТАРТНИ СОСТАВИ: Модриќ од првата минута, промени и во составот на Атлетико

Дербито меѓу градските ривали од Мадрид, Реал и Атлетико, и вечерва ќе биде во фокусот на фудбалската јавност во Европа. Шпанските гиганти на „Ванда Метрополитано“  го играат реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите, а на еден час од стартот на натпреварот познати се стартните состави.

Во првиот тим на Карло Анчелоти се враќа хрватскиот ас Лука Модриќ, кој ќе го заземе местото на Дијаз, кој беше стартер во првата средба. Промени има и во таборот на домаќинот. Галагер ќе го замени Лино, додека лев бек ќе биде Мандава, место Галан. 

Атлетико Мадрид: Облак, Љоренте, Хименез, Легле, Мандава - Галагер, Бариос, Де Пол, Симеоне - Гризман, Алварез

Реал Мадрид: Куртоа - Валверде, Асенсио, Рудигер, Менди - Модриќ, Белингем, Чуамени - Мбапе, Родриго, Винициус. 

Дербито во Мадрид ќе го суди Маршињак, а Реал Мадрид ќе брани предност од еден гол, стекнато со победата на „Бернабеу“ од 2-1.
 

Состави

Диего Симеоне

4-4-2

    Карло Анчелоти

    4-3-3