СТАРТНИ СОСТАВИ: Милевски со офанзивна Македонија во Шпанија

Благоја Милевски, селекторот на Македонија У21 репрезентацијата, го одреди стартниот состав за квалифиацискиот меч против Шпанија во рамки на циклусот за Европскиото првенство (ЕП) во 2021 година.

Македонија нема да се брани на гостувањето кај фаворитот во групата и ќе игра офанзивно, во формација 4-3-3.

Македонија У21 (4-3-3): Јанков; Тодоровски, Руфати, Серафимов, Антовски; Здравковски, Атанасов, Ацковски; Митровски, Чурлинов, Ристовски

Шпанија, пак, ќе игра во стандардната 4-2-3-1, а тренерот се одлучи за следните фудбалери:

Шпанија У21 (4-2-3-1): Љоренте; Буњуел, Гарсија, Маца, Педроса; Оскар, Пепелу; Торес, Гарсија, Поцо; Руиз

Дуелот меѓу двете репрезентации стартува од 19:45 часот.