• Иван Димовски

Фудбалерите на Олимпијакос и Фиорентина ќе се судрат во финалето на Конференциската лига на УЕФА на „АЕК Арената“ во Атина. Грчкиот колектив е мотивиран дека на свое тло може да го изненади ривалот од Италија.
На околу еден час пред натпреварот, тренерите Хозе Луис Мендилибар и Винченцо Италиано ги „отворија картите“ и ги објавија стартните состави за финалето. Мало изненадување е настапот на Артур од првата минута во тимот од Италија.
- Стартни состави за финалето во Конференциската лига:
Олимпијакос:
Цолакис, Родинеи, Рецос, Кармо, Ортега, Чикињо, Ибора. Хеце, Поденсе, Ел-Каби, Фортунис
Фиорентина:
Терачано, Додо, Миленковиќ, Мартинез Кварта, Бираги, Артур, Бонавентура, Мандрагора, Нико Гонзалез, Белоти, Куаме
За Фиорентина ова е второ финале во низа, откако минатата година беа поразени од Вест Хем во мечот за трофејот. Поради тоа тимот од Фиренца има блага предност во однос на Грците, меѓутоа се очекува голема борба за трофејот во третото по ранг европско натпреварување.