СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија со Трајковски, Нестор и Тричко ја напаѓа Естонија!

Игор Ангеловски, селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, го објави стартниот состав за натпреварот против Естонија, последен на домашен терен во ова издание од Лигата на нациите.

Без Горан Пандев, Езџан Алиоски, Аријан Адеми, променета е формацијата. Ќе се игра со четири бекови, Ристовски ќе мора како лев бек, а ќе се игра 4-2-3-1. Меѓу стативите поради отсуството на Столе Димитриевски, ќе застане Дамјан Шишковски.

МАКЕДОНИЈА (4-2-3-1): Шишковски; Бејтулаи, Велковски, Муслиу, Ристовски; Спировски, Николов; Трајковски, Елмас, Тричковски; Несторовски.

ЕСТОНИЈА (4-2-3-1): Хеин; Пик, Метс, Там, Тенисте; Аинсалу, Креида; Синиавски, Васиљев, Зењов; Сапинен.

Натпреварот меѓу Македонија и Естонија стартува од 15:00 часот. Првиот меѓусебен дуел во новата сезона од ЛН во Талин заврши без победник (3-3).