СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија со промени и нова формација против Азербејџан

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го одигра последниот натпревар во 2022 година. На Арената „Тодор Проески“ гостин ќе биде Азербејџан, во вториот тест во ноемврискиот репрезентативен циклус. По ремито со Финците, Македонија со сигурност ќе сака победа за крај на годината. 

За разлика од дуелот во четвртокот, Благоја Милевски не можеше да смета на Езџан Алиоски и Бојан Миовски кои отпаднаа од комбинација. Така, во стартниот состав за мечот со Азербејџанците, Милевски направи неколку промени, а се смени и формацијата.

МАКЕДОНИЈА (4-3-3): Шишковски; Ристовски, Муслиу, Серафимов, Ашковски; Бабунски, Барди, Николов; Елмас, Дориев, Несторовски

АЗЕРБЕЈЏАН (4-2-3-1): Магомедалиев; Хагверди, Мустафазаде, Хасанализада, Јафаргулиев; Махмудов, Алмеида; Кокчу, Исаев, Шејдаев; Гурбанли

Овој натпревар кој се игра во терминот од 14:00 часот во Скопје е последен пред стартот на евро-квалификациите во март.