• Мартин Танасковски
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го одреди составот со кој нашиот национален тим ќе игра против Чешка.
На мечот на гостински терен има една измена од претходниот меч, а тоа е дека го нема Бојан Миовски кој се пожали на повреда непосредно пред натпреварот. Нема промени во одбраната, која е иста од претходниот меч.
ЧЕШКА (3-5-2): Штанек; Холеш, Хранач, Крејчи; Куфал, Соучек, Хложек, Провод, Доудера; Шик, Кухта
МАКЕДОНИЈА (3-5-2): Димитриевски; Ашковски, Зајков, Делковски, Муслиу, Алиоски; Костадинов, Алими, Атанасов; Елмас, Трајковски
Натпреварот меѓу Чешка и Македонија стартува од 18:00 часот.