СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија без Елмас и Миовски против Летонците

Фудбалската репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од подготовките за најважниот натпревар во овој циклус на квалификации. 

Пред патувањето за Кардиф каде следниот вторник против Велс ќе го одиграме решавачкиот натпревар за освојување на второто место во групата, нашите најдобри фудбалери денеска формата ќе ја темпираат со пријателскиот натпревар против Летонија во Скопје. 

Селекторот Благоја Милевски, очекувано во својот прв состав шанса им даде на неколку фудбалери кои не се стандардни првотимци. 

  • Стартни состави за натпреварот:

Македонија (4-3-3): Димитриевски; Илиевски, Стојчевски, Серафимов, Ашковски; Костадинов, Алими, Барди; Ристовски, Растодер, Чурлинов.

Летонија (5-4-1): Матревич; Циганикс, Јурковскис, Черномордијс, Балодис, Савалниекс; Икауниекс, Вапне, Зеленковс, Дашкевич; Гутковскис.

Натпреварот со Летонија започнува од 18:00 часот, а влезот во Арената „Тодор Проески“ е слободен.