СТАРТНИ СОСТАВИ: Колумбија без првата ѕвезда Родригез на мегдан со Јапонија

Селекциите на Колумбија и Јапонија ќе го отворат првото коло од последната група на Светското првенство во Русија

За двете селекции овој меч им е најважен во оваа фаза, а двата селектори ги отворија картите и ги соопштија почетните состави. Големо изненадување ни приреди колумбискиот предводник Пекеман, кој се одлучи да ја изостави првата ѕвезда Џејмс Родригез, па во нападот предводник ќе биде Радамел Фалкао, за кого ова учество е негово дебитантско на Мундијалите. Нишино пак исто така направи неколку изненадување на клупата за резерви ги остави напаѓачот на Лестер, Оказаки и поранешниот член на Милан, Хонда.

Мечот меѓу Јапонија и Колумбија се игра од 14.00 часот на арената „Мордовиа“, а главен судија ќе биде Скомина од Словачка