СТАРТНИ СОСТАВИ: Катар и Еквадор супер-офанзивни на отворањето на Мундијалот

Долгото исчекување заврши. По четири и пол години Светското првенство во фудбал денес ќе го има премиерниот натпревар на 22-от Мундијал. Катар и Еквадор се подготвени за дуелот од првото коло на групата А, кој ќе се одигра на „Ал Бајт стадиум“ во Доха.

Познати се официјалните тимови и според најавите, двете селекции ќе играат офанзивно.

Катар:
Ал Шеб, Ал-Рави, Куки, Салман, Педро Мигуел, Хатем, Будиаф, Ал Хајсос, Хасан, Алмоез Али, Акрам Афиф

Еквадор:
Домингез, Анхело Пресиадо, Феликс Торес, Хинсапие, Еступињан, Каиседо, Мендез, Ибара, Валенсија, Естрада

Натпреварот ќе го води Орсато од Италија. Вториот дуел од првото коло во групата А ќе се одигра утре во 17:00 часот, а ќе се сретнат Холандија и Сенегал.

 

Состави

Феликс Санчез

3-4-3

    Густаво Алфаро

    4-4-2