СТАРТНИ СОСТАВИ: Јорданеску и Ребров ги отворија картите за првиот меч

Фудбалерите на Романија и Украина ќе се судрат во првиот натпревар на Европското првенство од групата Е. Ова ќе биде многу важен натпревар за двете селекции во битката за второто и третото место, бидејќи најголем фаворит во групата е Белгија.

На околу еден час пред натпреварот се познати стартните состави на двете репрезентации. 

  • Стартни состави за натпреварот:

Романија (4-1-4-1): Нита; Ратиу, Драгушин, Бурча, Банку; Мариус Марин; Разван Марин, Станкиу, Ман, Коман; Драгуш.

Украина (4-4-1-1): Лунин; Конолља, Забарни, Матвиенко, Зинченко; Шапаренко, Степаненко, Мудрик, Циганков; Судаков; Довбик.

Романците и Украинците ќе ги одмерат силите на „Алијанц Арената“ во првиот термин од четвртиот натпреварувачки ден во терминот од 15:00 часот.