• Иван Димовски
Актуелниот европски првак Шпанија го започнува настапот на Светското првенство со дуел против Зеленортските Острови во натпревар од групата Х.
Селекторите Луис Де Ла Фуенте и Леитао Брито на спротивната страна веќе ги одредија стартните тимови. Пред средбата шпанскиот селектор имаше неколку дилеми, а на клупата се најдоа рековалесцентните Ламин Јамал и Нико Вилијамс.
- Стартни состави за натпреварот:
Шпанија (4-3-3): Симон; Љоренте, Кубарси, Лапорт, Кукуреља; Педри, Родри, Руиз; Торес, Ојарзабал, Гави.
Зеленортски Острови (4-2-3-1): Возиња; Мореира, Лопес, Боргес, Лопес Кабрал; Ленини, Дуарте; Мендес, Монтеиро, Кабрал; Ливраменто.
Средбата која ќе се одигра на „Мерцедез-Бенз стадионот“ во Атланта во терминот од 18:00 часот по македонско време.




