СТАРТНИ СОСТАВИ: Италија со тројца напаѓачи, Јилмаз главен кај Турција

Репрезентациите на Италија и Турција ги открија стартните состави за првиот натпревар на Европското првенство (ЕП) кој ќе се игра на стадионот „Олимпико“ во Рим.

„Азурите“ излегуваат офанзивно и само трите бода им се во мислите. Домашниот терен им налага победа, а Манчини се реши за тројца напаѓачи. Голови ќе се бараат од Инсиње, Имобиле и Берарди, триото од Серија А.

Кај Турција на Шенол Ѓунеш, прв играч е капитенот Бурак Јилмаз кој ќе биде и единствен напаѓач. Опасност се очекува и од Хакан Чалханоглу од Милан, а тука се и квалитетните Туфан и Јазичи.

  • Стартните состави на натпреварот на „Олимпико“:

Состави

Senol Gunes

4-1-4-1

    Roberto Mancini

    4-3-3