• Мартин Танасковски

Герет Саутгејт и Алиу Сисе, селекторите на Англија и Сенегал, ги одредија стартните состави за осминафиналниот натпревар во рамки на Светското првенство (СП) кое се игра во Катар.
Има неколку измени кај Англичаните, но тоа не е изненадување ако се земе предвид дека Саутгејт постојано го ротира тимот. Во нападот ќе биде Фоден, во средниот ред се Хендерсон и Белингем.
Англија:
Пикфорд; Вокер, Стоунс, Мегваер, Шо; Рајс; Хендерсон, Белингем; Фоден, Кејн, Сака
Сенегал:
Менди; Сабали, Кулибали, Диало, Џејкобс; Диата, Сис, Менди, Сар; Ндиаје, Диа
Натпреварот меѓу двете селекции се игра од 20:00 часот. Победникот оди на мегдан со бранителот на титулата Франција.