• Зоран Мишевски
Двајцата селектори, Ли Карсли и Антонио ди Салво не подготвија изненадувања во стартните тимови за финалето на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Братислава. Германците скоро да го пресликаа тимот кој играше во нокаут-фазата, но има неколку промени од тимот кој ја совлада Англија со 2-1 во групната фаза.
Агубулу доби предност пред Ернст на голот, а во офанзината тројка, покрај Волтемеда, почнуваат Веипет и Груда. Англија е нешто попретпазлива и без класичен напаѓач во стартниот тим.
Англија:
Бидл, Хишелвуд, Квансах, Кросвел, Ливраменто, Андерсон, МекАти, Скот, Стансфилд, Хачисон, Елиот
Германија:
Атуболу, Колинс, Ареј-Мби, Оерман, Браун, Реиц, Мартел, Небел, Веипет, Волтемаде, Груда
Финалниот натпревар ќе го суди Холанѓанецот Сандер ван дер Ејк. Сите билети се распродадени и се очекува вистински фудбалски амбиент на стадионот на Слован во Братислава.

