СТАРТНИ СОСТАВИ: Еквадор и Сенегал со сите оружја, Депај стартер за Холандија

Групата А прва ќе добие разврска во фазата по групи на Светското првенство. Во битка за првите две позиции се три селекции, а без шанси е само домаќинот Катар

Клучниот натпревар во групата веројатно ќе биде директната битка за место во нокаут рундата ќе биде меѓу Еквадор и Сенегал на стадионот „Калифа“. Двајцата селектори свесни за предизвикот се решија за најсилните состави. 

  • Стартни состави за натпреварот меѓу Еквадор и Сенегал:

Еквадор:
Галиндез; Еступињан, Хинкапи, Торес, Пресиадо; Груецо; Каиседо, Франко; Валенсија, Естрада, Плата

Сенегал: 
Менди; Сабали, Кулибали, Џејкобс, Диало; Цис, П. Геј; Ндијае, И. Геј, Сар; Диа

 Во оваа група ќе се одигра во натпреварот меѓу домаќинот Катар и лидерот Холандија. „Лалињата“ иако ќе настапат со делумно изменет состав, важат за огромен фаворит и се очекува да ја обезбедат првата позиција. 

  • Стартни состави за натпреварот меѓу Холандија и Катар: 

Холандија: 
Ноперт; Аке, Ван Дајк, Тимбер; Блинд, Ф. Де Јонг, Де Рон, Дамфрис; Класен; Депај, Гакпо

Катар: 
Баршам; Мохамад, Педро, Куки, Хасан, Ахмед; Ал Хајдос, Мадибо, Хатем; Афиф, Алмоез Али

Холанѓаните и Еквадорците имаат по четири бода на табелата, додека Сенегал има три и мора да оди на победа во завршното коло. 

Состави

Феликс Санчез

4-1-4-1

    Алиу Сисе

    4-2-3-1