• Горан Упале
Селекторите Сербеј Барбарез и Мурат Јакин ги отворија картите и ги објавија стартните состави за денешниот натпревар меѓу Швајцарија и Босна и Херцеговина на Светското првенство, а најголемото внимание го привлекува враќањето на Един Џеко во првиот тим на БиХ.
Искусниот напаѓач ќе ја предводи офанзивата на Босанците, заедно со Демировиќ, додека во одбраната одново го има Колашинац иако искусниот бек се пожали на повреда по натпреварот со Канада.
Од другата страна, Швајцарија ќе настапи со добро познат состав предводен од Гранит Џака во средниот ред, додека во нападот ќе дејствуваат Емболо и Ндоје
БиХ (4-4-2):
Васиљ – Колашинац, Катиќ, Мухаремовиќ, Дедиќ; Таировиќ, Суниќ, Мемиќ, Алајбеговиќ; Демировиќ, Џеко.
Швајцарија (4-3-3):
Кобел – Видмер, Елведи, Аканџи, Родригез; Џака, Фројлер, Аебишер; Ндоје, Ридер, Емболо
Натпреварот меѓу Швајцарија и БиХ се игра во Лос Анџелес, а почетокот е закажан за од 21:00 часот.





