СТАРТНИ СОСТАВИ: Данска со офанзивна формација, Кејхил повторно остана на клупата

Селекциите на Данска и Австралија ќе ја отворат денешната програма од Светското првенство во Русија. 

Двете селекции го играат најважниот меч на овој Мундијал, а селекторите ги открија формациите и 11-мината со кои ќе истрчаат на „Самара Арена“. Данска на терен ќе истрча со формација 4-4-2 и со Јоргенсен и Полсен во нападот, додека Ван Марвијк не направи ниту една измена во однос на мечот со Франција кој Австралија го загуби со 2-1. 

ДАНСКА: Шмајхел, Ларсен, Кристенсен, Кјаер, Далсгард, Ериксен, Делени, Систо, Шоне, Јоргенсен и Полсен.

АВСТРАЛИЈА: Рајан, Бехиќ, Милиган, Сејсбури, Рисдон, Муи, Јединак, Леки, Рогиќ, Криз и Набут.

Натпреварот меѓу Данска и Австралија започува од 14.00 часот, а за главен судија е делегиран Антонио Матје Лахоз од Шпанија. 

Состави

Age Hareide

4-3-3

    Graham Arnold

    4-2-3-1

      СП, Група Ц
      ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
      1 ФранцијаФранција 3 2 1 0 3:1 2 7
      2 ДанскаДанска 3 1 2 0 2:1 1 5
      3 ПеруПеру 1 3 1 0 2 2:2 0 3
      4 АвстралијаАвстралија 1 3 0 1 2 2:5 -3 1