• Иван Димовски
Поразените репрезентации во групата А на Светското првенство Чешка и Јужна Африка ќе вкрстат копја на отворањето на второто коло. Двете селекции загубија на стартот на шампионатот и сега ќе побараат први бодови.
На час и половина пред стартот на средбата двајцата селектори ги отворија картите и ги одредија стартните состави.
- Стартни состави за средбата:
Чешка (3-5-2): Ковар; Хранац, Холес, Крејчи; Цоуфал, Садилек, Дарида, Церв, Сојка; Шик, Хложек.
Јужна Африка (4-3-3): Вилијанс; Модиба, Мбокази, Окон, Мудау; Мокоена, Мбата, Адамс; Аполис, Рајнерс, Масеко.
Оваа средба ќе се одигра на „Мерцедес-Бенз Стадион“ во Атланта. Европјаните важат за фаворит, а со победа би направиле важен чекор во борбата за нокаут фазата.





