СТАРТНИ СОСТАВИ: Челзи офанзивен го напаѓа Суперкуп трофејот

Томас Тухел и Унај Емери, тренерите на Челзи и Виљареал, ги одбраа стартните состави за натпреварот кој се игра во рамки на Суперкупот на УЕФА во Белфаст, Северна Ирска.

„Сините“ се решија за офанзивна формација 3-4-3, а главен адут во шпицот ќе им биде Тимо Вернер, каде поддршка ќе му бидат Зијеч и Хаверц. Виљареал, пак, исто така ќе напаѓа со тројца, со тоа што ќе има далеку погуста одбрана.

ЧЕЛЗИ (3-4-3): Менди; Зума, Шалоба, Рудигер; Канте, Ковачиќ, Хадсон-Одои, Алонсо; Зијеч, Хаверц, Вернер

ВИЉАРЕАЛ (4-3-3): Асенхо; Фојт, Албиол, Пау Торес, Педраза; Тригерос, Капуе, Морено; Диа, Жерар Морено, Пино

Натпреварот во Суперкупот на УЕФА стартува од 21:00 часот.