СТАРТНИ СОСТАВИ: Белгија со Де Брујне од старт против Италија!

Роберто Мартинез и Роберто Манчини, селекторите на Белгија и Италија, ги одредија стартните состави за големото дерби на Европското првенство (ЕП) кое се игра во рамки на четвртфиналето на турнирот.

Добри вести за Мартинез пристигнаа пред мечот, затоа што главниот плејмејкер Кевин Де Брујне ќе биде во составот на „ѓаволите“ против незгодната Италија на Манчини. На спротивната страна, Еден Азар го нема во протоколот.

БЕЛГИЈА (3-4-3): Куртоа; Вертонген, Вермален, Алдервирелд; Муние, Т. Азар, Витсел, Тилеманс; Доку, Лукаку, Де Брујне

ИТАЛИЈА (4-3-3): Донарума; Ди Лоренцо, Бонучи, Кјелини, Спинацола; Барела, Жоргињо, Верати; Инсиње, Имобиле, Киеза

Натпреварот меѓу Белгија и Италија стартува од 21:00 часот, а се игра на „Алијанц Арена“ во Минхен. Дуелот ќе го суди словенечкиот судија Винчич.

Состави

Роберто Мартинез

3-4-3

    Роберто Манчини

    4-3-3