• Иван Димовски
Фудбалерите на Шкендија за првпат во клупската историја ќе заиграат натпревар во главната фаза на едно УЕФА натпреварување. Европското деби тетовчани ќе го имаат против Рајо Ваљекано на гости во првото коло на Конференциската лига.
На околу еден час пред натпреварот двајцата тренери ги открија стартните состави. Тренерот Јетон Беќири не експериментираше и одбра очекуван почетен тим.
- Стартни состави за натпреварот:
Рајо Ваљекано (4-3-3): Батаља; Балиу, Лежеун, Вертрувд, Еспињо; Лопез, Гумбау, Трехо; Перез, Камељо, Гарсија.
Шкендија (4-2-3-1): Гаје; Вебстер, Цаке, Фетаи, Трумчи; Рамадани, Ќака; Љатифи, Красниќи, Тамба; Ибраими.
Европската авантура на Шкендија започна во првото претколо на Лигата на шампионите, а по елиминацијата на ТНС од Велс и романскиот гигант ФЦСБ беше обезбедено најмалку учество во Конференциската лига. Потоа тетовчани губеа во двомеч пресметките со Карабах и Лудогорец за да дојдат дотука.


