СТАРТНИ СОСТАВИ: Барселона во полна сила, Јунајтед без Лукаку и Матиќ

Барселона на домашен терен ќе брани еден гол предност во реваншот против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, а Ернесто Валверде и Оле Гунар Солскјер ги одбраа актерите кои ќе истрчаат на „Камп Ноу“ од првата минута.

Домашниот тим немаше проблеми во составот, а на клупата ќе биде Осман Дембеле. Останатиот дел од тимот е најсилното оружје со кое располага Валверде.

БАРСЕЛОНА (4-3-3): Тер Штеген; Роберто, Пике, Ленглет, Алба; Ракитиќ, Бускетс, Артур; Меси, Суарез, Кутињо

Оле, пак, на клупата ги остави Ромелу Лукаку и Немања Матиќ. Манчестер Јунајтед ќе игра со три напаѓачи и нема да чека на контри на „Камп Ноу“.

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД (4-3-3): Де Геа; Џонс, Линделоф, Смолинг, Јанг; Погба, Фред, МекТоминеј; Лингард, Рашфорд, Марсиал

Барселона на првиот натпревар на „Олд Трафорд“ победи со минимални 1-0, во еден натпревар без многу шанси.

Состави

Ernesto Valverde

4-3-3

    Ole Gunnar Solskjaer

    4-3-3