СТАРТНИ СОСТАВИ: Баерн пак со Чупо-Мотинг ќе го напаѓа супер-офанзивниот ПСЖ

Баерн Минхен за првпат по подолго време е во незавидна ситуација во Лигата на шампионите. Бранителот на титулата вечерва мора да се надмине себеси за да се пласира во полуфиналето, затоа што за противник го има ПСЖ, тим кој посакува во целост да му се реваншира за ланскиот пораз во финалето. 

И на дуелот во Париз, Ханси Флик нема да може да смета на неколку клучни фудбалери, па така на „Паркот на Принцовите“ нападот на Баварците ќе го предводи Чупо-Мотинг, а поддршка во офанзивата треба да добие од Милер, Сане и Коман.

На спротивната страна пак, Маурицио Почетино на располагање ќе го има речиси целиот напаѓачки арсенал, односно од првата минута ќе истрчаат Мбапе, Нејмер, Ди Марија и Дракслер.

ПСЖ: Навас; Дагба, Кимпембе, Данило Переира, Диало; Паредес, Гана Геј, Дракслер; Нејмар, Ди Марија, Мбапе.

Баерн Минхен: Нојер; Павар, Боатенг, Лукас Хернандез, Дејвис; Кимих, Алаба; Коман, Милер, Сане; Чупо-Мотинг

На првиот натпревар во Германија, францускиот шампион извојува победа од 2-3.