СТАРТНИ СОСТАВИ: Баерн напаѓа со Чупо Мотинг, ПСЖ со Нејмар и Мбапе

Ханси Флик и Маурисио Покетино, тренерите на Баерн Минхен и Пари Сен Жермен, ги одредија стартните состави за дербито во четвртфиналето од фудбалската Лига на шампиони.

Проблем за „баварците“ е што ќе ги нема Роберт Левандовски и Серж Гнабри. Првиот поради повреда, вториот поради коронавирус. Главен офанзивец на Баерн Минхен ќе биде Чупо Мотинг. Кај ПСЖ главен хендикеп е отсуството на Марко Верати.

БАЕРН МИНХЕН: Нојер; Павард, Зуле, Алаба, Хернандез, Горецка, Кимих, Милер, Сане, Коман, Чупо Мотинг

ПСЖ: Хесус Навас; Дагба, Маркињос, Кимепмбе, Диало; Гуеје, Данило, Ди Марија, Нејмар, Дракслер, Мбапе

Натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите стартува од 21:00 часот.