СТАРТНИ СОСТАВИ: Баерн и Ливерпул со најсилни тимови на „Алијанц“

Тренерите на Ливерпул и Баерн Минхен ги одредија составите пред меѓусебниот реванш-натпревар од Лигата на шампионите кој на рамки на осминафиналето се игра на „Алијанц Арената“.

Баерн Минхен ќе напаѓа за пласман во наредната рунда, а тренерот Ковач на теренот испрати офанзивен тим.

БАЕРН МИНХЕН (4-2-3-1): Ноер; Рафиња, Суле, Хумелс, Алаба; Мартинез, Тиаго; Гнабри, Родригез, Рибери; Левандовски

Јирген Клоп се реши за следните единаесетмина:

ЛИВЕРПУЛ (4-3-3): Алисон; Александер-Арнолд, Матип, Ван Дијк, Робертсон; Милнер, Вајналдум, Хендерсон; Мане, Салах, Фирмино

Првиот натпревар одигран во Англија заврши без голови (0-0).

Состави

Niko Kovac

4-2-3-1

    Jurgen Klopp

    4-3-3