СТАРТНИ СОСТАВИ: Арсенал смени пола тим за реваншот со Атлетико

Екипите на Арсенал и Атлетико Мадрид ќе го одиграат реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите, а тренерите Микел Артета и Диего Симеоне ги одредија стартните тимови за дуелот во Лондон.

„Топџиите“ направија дури пет измени во стартната единаесетка. Ќе ги нема Хинкапи, Едегард, Зубименди, Мадуеке и Мартинели од првата средба, тие се преселени на клупата. Атлетико смени само едно име во стартниот тим.

Арсенал (4-2-3-1): Раја; Вајт, Салиба, Габриел, Калафјори; Рајс, Луис-Скели; Сака, Езе, Тросар; Ѓокереш

Атлетико (4-4-2): Облак; Пубил, Ла Норманд, Ханчко, Руџери; Лукман, Коке, Љоренте, Симеоне; Алварез, Гризман

Натпреварот на „Емирати“ започнува од 21:00 часот.

Состави

Микел Артета

4-2-3-1

    Диего Симеоне

    4-4-2