• Мартин Танасковски
Руи Боргес и Микел Артета, тренерите на Спортинг Лисабон и Арсенал, ги одредија стартните состави за четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите кој се игра во Португалија.
„Топџиите“ ќе бидат без тројца важни играчи кои се повредија за време на репрезентативните обврски. Езе, Сака и Тимбер се надвор од стројот и нема да бидат дел од мечот.
Спортинг (4-2-3-1): Силва; Фреснеда, Диоманде, Инасио, Араухо; Морита, Симоеш; Гончалвес, Тринкао, Катамо; Суарез
Арсенал (4-3-3): Раја; Вајт, Салиба, Габриел, Калафјори; Едегард, Зубименди, Рајс; Мадуеке, Ѓокереш, Тросар
Натпреварот во Португалија започнува од 21:00 часот.






