• Мартин Танасковски

Четвртфиналните парови полека се комплетираат, а еден од патниците меѓу најдобрите осум селекции на Светското првенство (СП) ќе пристигне од дуелот меѓу Аргентина и Египет кој се игра попладнево.
Селекторите Лионел Скалони и Хосам Хасан ги избраа стартните единаесет за натпреварот кој ќе се игра во Атланта, на стадионот „Мерцедес Бенз“ пред околу 71.000 гледачи.
Аргентина (4-4-2): Мартинез; Молина, Ромеро, Ли. Мартинез, Таљафико; Де Пол, Мекалистер, Фернандез, Паредес; Меси, Алварез
Египет (4-2-3-1): Шобеир; Хани, Ибрахим, Рабиа, Хафез; Лашен, Атиа; Зико, Ашур, Салах; Хасан
Дуелот меѓу двете селекции започнува од 18:00 часот.





