• Горан Упале

Благоја Милевски, селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, ги одбра единаесетмината со кои нашата селекција ќе ги отвори новиот циклус на квалификации, овој пат за пласман на Европското првенство во Германија.
На „Тодор Проески“ вечерва гостува Малта, селекција која што е аутсајдер во групата и против која треба да забележиме лесна победа. Милевски се реши за формација 3-4-3, со тројца стопери и тројца офанзивци, но во последен момент отпадна Аријан Адеми. Искусниот играч за врска се повреди на последниот тренинг и отпадна од игра, а неговото место ќе го зазема Атанасов кој игра во одлична форма оваа година.
- Стартни состави:
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски; Велковски, Муслиу, Зајков; Алиоски, Ристовски, Атанасов, Барди; Елмас, Миовски, Трајковски
Покрај средбата со Малта, нашата селекција во оваа репрезентативна пауза Македонија ќе се сретне со Фарски Острови, но овој натпревар ќе биде од пријателски карактер.