СТАРТНИ СОСТАВИ: Адеми и Ристовски од првата минута го напаѓаат Виљареал!

Адеми Ристовски

Македонските фудбалери Стефан Ристовски и Аријан Адеми од првата минута ќе го започнат дуелот против Виљареал во четвртфиналето од Лига Европа.

Динамо Загреб ќе биде домаќин на првата средба против шпанскиот претставник. Нашите интернационалци добиваат шанса за настап од самиот почеток на мечот.

  • Динамо Загреб: Ливаковиќ; Ристовски, Лаурицен, Теофил-Кетрин, Гвардиол; Мајер, Адеми, Јакиќ; Иванушец, Оршиќ; Атиемвен.
  • Виљареал: Фојт, Албиол, Пау Торес, Педраза; Парехо, Капуе, Тригерос; Чуквиезе, Бака, Морено.

Натпреварот во Загреб се игра со почеток од 21:00 часот. Реваншот е закажан за една недела во Шпанија.