СТАРТНИ СОСТАВИ: Станиќ промени формација за Ерменија, Гаштаров и Трајков задолжени за голови

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година на исто место ќе брка први бодови во групата Е од квалификациите за следното Европско првенство.

Во Битола нашите надежи ќе се судрат со Ерменија, а селекторот Горан Станиќ ги отвори картите и познат е стартниот состав на Македонија. Селекторот се реши да промени формација во однос на онаа против Италија, исто така во Битола. Сега Македонија ќе игра со четворица во одбраната во која ќе командуваат Хамза, Џеков, Мелиќи и Аризаноски. Во офанзивата, пак задолжени за голови ќе бидат Елези, Гаштаров, Данев и Трајков. 

Македонија: 
Љ. Џеков, Хамза, Ѓ. Џеков, Мелиќи, Аризаноски; Ѓоргиевски, Ангелов, Гаштаров, Данев; Трајков, Елези

Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија започнува од 17:00 часот, а двете селекции ќе атакуваат на првите бодови во групата.