Старт за затвор: Играч на Порто со копачка удри противник в лице (ВИДЕО)

Порто загуби на гостувањето кај Каса Пиа (2-1) во рамките на 20. коло на португалската елитна лига. 

Во моментите кога „змејовите“ бркаа негатива пред завршницата останаа без крилото Вилијам Гомес. Нововлезениот фудбалер многу невнимателно со отворен ѓон високо ја крена ногата и го удри в лице дефанзивецот Давид Соуса. 

Судијата без ниту малку размислување му покажа црвен картон. Дефанзивецот доби раскрварено лице и мораше да добие лекарска помош, а натпреварот го продолжи замотан со завој околу главата.