ВИДЕО: Старт со пораз од Марица, Газиев намерно удри фудбалер на Академија Пандев

Екипата на Академија Пандев со пораз ги започна контролните натпревари на турско тло. Во Анталија, македонскиот тим минимално загуби од бугарскиот второлигаш Марица.

Бугарите извојуваа победа од 1-0, благодарение на прецизно изведениот пенал на Газиев во 51. минута од натпреварот. Александар Васоски шанса за деби им даде на новите засилувања на тимот, меѓу кои и португалскиот интернационалец Емболо.

Натпреварот во Анталија го одбележа глупоста на Бугаринот Газиев, кој во 51. минута намерно удри фудблаер на Академија Пандев и предвреме замина во соблекувалната.

Академија Пандев за време на подготовките во Анталија треба да одигра уште најмалку три пријателски натпревари.