Старт од соништата за „Лудакот“: Биелса менаџер на месецот во Чемпионшип

Благодарејќи на генијална фудбалска филозофија на Марсело Биелса, поранешниот англиски великан, Лидс Јунајтед, бележи фантастичен старт на новата сезона на Чемпионшип и веќе се наметна меѓу главните фаворити за враќање во елитата на англискиот фудбал. 

Искусниот стратег едноставно го препороди тимот од Јоркшир, за кого втора сезона настапува нашиот репрезентативец Езџан Алиоски. По шест кола во втората по ранг лига на Англија, Лидс е лидер на табелата со четири победи, две реми средби, и со импресивна бројка од дури 14 постигнати гола. 

Токму заради одличниот старт на тимот од „Еланд Роуд“, аргентинскиот стратег, попознат како „Лудакот“ повеќе од заслужено го доби признанието менаџер за месец август во Чемпионшип. 

Токму од Лидс доаѓа и најдобриот играч на месецот, а тоа е напаѓачот Кемар Руф.