Старт на битките за Купот: Силекс го брани трофејот од напаѓачите

Со четири натпревари на програмата, официјално започнува новата сезона во Купот на Македонија. На програмата се средбите од 1/16-финалето, односно првата елиминациска рунда во најмасовното домашно фудбалско натпреварување.

Според распоредот на ФФМ, натпреварите од оваа фаза ќе се играат во неколку термини и ќе бидат комплетирани на 14 октомври. Први на терен ќе излезат Победа Валандово и Струга Трим Лум, Студеничани и Пелистер, Велазерими и Македонија Ѓорче Петров, како и Венец Неготино и Брера. Сите четири натпревари започнуваат во 16:30 часот.

Утре својот настап во Купот ќе го има и Вардар, кој ќе се соочи со Овче Поле, додека останатите дуели од оваа рунда се закажани за следната седмица, а дел од натпреварите ќе се одиграат во октомври.

  • Парови во 1/16-финалето:

Овче Поле Свети Николе – Вардар
Победа Валандово – Струга Трим Лум
Крошу Спорт Битола – Тиквеш 1930
Могила 2023 – Арсими 1973
БВК Коњаре – Башкими 1947
Студеничани – Пелистер
Венец Неготино – Брера Струмица
Влазними Јуниор – Македонија Ѓорче Петров
Вардар Неготино – Работнички
Каменица Саса – Шкупи 1927
Тетекс – Брегалница 
Кожуф Гевгелија – Скопје
Детонит Плачковица – Шкендија Арачиново
Новаци – Охрид
Осогово – Беласица

Актуелниот освојувач на трофејот, Силекс, нема да настапи во оваа фаза и директно е пласиран во осминафиналето. Воедно, годинава во Купот нема да учествува ниту Шкендија, која беше исклучена од натпреварувањето по одлука на дисциплинските органи на ФФМ по случувањата поврзани со минатосезонското финале.

Според пропозициите за Купот на Македонија за сезоната 2026/27, до финалето ќе се игра само еден натпревар, без реванш-средби. Доколку натпреварот заврши без победник по 90 минути, веднаш ќе се изведуваат пенали. Домаќините ќе можат да ги организираат натпреварите на стадиони кои се одобрени најмалку за одигрување натпревари од Втора МФЛ.