ВИДЕО: Стариџ од пенал носи домашна предност во англиското „класико“

Даниел Стариџ го отвора резултатот во англиското „класико“ во Лига Европа. Напаѓачот на англиската репрезентација го трансформира пеналот кој го скриви Мемфис Депај. Фудбалерите на Манчестер Јунајтед имаа протести кај главниот судија Шпанецот Веласко Карваљо, но тој беше убеден дека прекршок постоеше.

Раното водство на „Енфилд“ треба да го направи натпреварот меѓу големите тренерски имиња Клоп и Ван Гал уште поквалитетен.